Press "Enter" to skip to content

Татко, син и внук го уловија најголемиот сом досега во Стрежевско езеро, 180 см и 44 кг (фото)

Викендов од водите на Стрежевското Езеро, со кое стопанисува ЈП “Стрежево“ од Битола е уловен најголемиот уникатен примерок на сом капиталец, со должина од 180 сантиметри и тежина од 44 килограми.

Сомот, капиталец заедно го уловија три генерации риболовци, татко, син и внук, Петраки, Тони и Филип Василевски од Битола.

Тројцата направија подвиг за незаборав, на кој не можат да се сетат дури и најискусните риболовци на Стрежевско Езеро.

More from ВестиMore posts in Вести »