Press "Enter" to skip to content

КИЦ Битола со ново електронско списание за култура “Бели хорозонти“

Во просториите на КИЦ Битола во Офицерскиот дом во Битола, во присуство на уредничкиот одбор и новинари,  беше промовирано ново електронско списание за култура „Бели хорозонти“. Промоторот и воедно и уредник на списанието , директорот на КИЦ Битола, Лили Бошевска пред присутните даде воведно излагање на содржината ,темите и мисијата на списанието „Бели Хоризонти“.

Иницијатор и автор на истото е битолскиот ликовен критичар и уметник Владо Ѓоревски, кој е воедно и креатор на графичкиот формат на списанието . Во понатамошното излагање проф. Александар Стерјовски, член а редакцискиот совет, меѓу другото рече:

-Природно е што се појави ова списание, чие што име соодвестува со установата Културен и информативен центар Битола.

Во редакцискиот совет се и членовите Владо Ѓоревски и Драган Ристевски.

Во понатамошната промоција, уредникот и членовите на редакцискиот одбор ја промовираа идејата, концептот и мисијата на списанието, кое како се наведе ќе биде отворено за млади и нови автори и идеи.

Во овој број се застапени теми како: .100 ГОДИНИ ОД УЛИС- ЏЕМС ЏОЈС Аурел Шмит „Средба“,  . Хорхе Луис Борхес „Довикување на Џојс“,  Џојсовиот Улис низ очите на Владимир Набоков,  Портрет – ВЛАДИМИР КОСТОВ,  Зоран Анчевски-Поезија,  . Кратка проза- Едвард Лу „Доплер“,  Зоран Пејковски-Поезија, Извадок од романот „ОПРАВДАНИЕ НА ОСТРОВОТ“ од Евгениј Водолазкин,  Кирил Македонски: „Гоце“– првата македонска опера, 1954 и др.

Новото електронско списание за култура ќе биде тромесечник и  претставува нов исчекор на младата установа за култура КИЦ Битола во актуелизирање на културата како општествена тема и промовирање на нови автори и идеи и погледи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »