Љибиша Милошевски или како битолчани го познаваат ди-џеј Љубиша деновиве ја издаде песната, ремикс на легендарната македонски песна “Македонско девојче“ која ја испеа легендата, битолчанецот Јонче Христовски.
За овој успешен ремикс ди-џеј Љубиша ни рече:
-Емоциите и жарот со кои доајенот на македонската музика, нашиот сограѓанин, Јонче Христовски, ја испеа песната “Македонско девојче“ во 1964 година и денес живеат и го направија бессмртен. Тоа беше мојот мотив да ја продуцирам песната. Исто така мотив плус беше, мојот стремеж да ја негуваме и да не ја забораваме македонската музика, која треба да живее вечно. И секако најсилниот мотив беше убавината и судбината на македонското девојче, која е предмет на сите уметности, од исконски времиња до денес.