Press "Enter" to skip to content

“Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ со благодарност до ЈП “Стрежево“

Претседателот на здружението организатор на  “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ – Зоран Алексовски  и директорот на трката Ненад Лазиќ денес остварија средба со директорот на ЈП “Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски, на кого во име на организаторот и сите натпреварувачи му упатија благодарност за соработката при организацијата на третото издание на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“.-И оваа година како и претходните ЈП “Стрежево“ беше дел од организацијата на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, а чајџилницата и околината на ЗЛТЦ “Стрежево“ беше нашата база. Поминавме два дена заедно со натпреварувачите, публиката и дечињата од детската трка, а таму сите се чуствувавме како дома. Посебна благодарност упатуваме до директорот Менде Граматковски, раководителот Горан Марковски и вработените на ЗЛТЦ “Стрежево“ кои ни излегоа во пресрет на сите наши барања, посебно при невремето кое беше на првиот натпреварувачки ден. Сите учесници понесоа убави спомени од престојот во објектот на “Стрежево“, а се надеваме дека сорабтката и во иднина ќе продолжи, рекоа Алексовски и Лазиќ.Директорот на ЈП “Стрежево“ Менде Граматковки заблагодарувајќи се на убавите зборови за него и неговиот тим рече:

-ЈП “Стрежево“ е општествено одговорна компанија која се труди да излезе во пресрет на барањата на граѓаните и организациите кои ќе понудат соработка. Екипата на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ уште пред потпишувањето на меморандумот за соработка ни понуди соработка која, како и самите кажуваат е на највисоко ниво од двете страни. Се надевам дека успешната организација на досегашните “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ ќе придонесе за поставување повисоко ниво на организација, а ние ќе се трудиме и во иднина да бидеме добри домаќини и заедно ќе придонесеме за промоција на нашиот зимско летен туристички центар, со кој ние стопанисуваме. 

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »