Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ги започна подготовките во Битола, од утре продолжуваат во Маврово (фотогалерија)

Екипата на Еурофарм Пелистер попладнево во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките за престојната ракометна сезона, а покрај домашното првенство ги очекуваат и натреварите во Лигата на шампиони. Ракометарите имаа прозивка, работен состанок во Управата, а тренерот Александар Јовиќ, тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб го одработија и првиот тренинг.На прозивката беа присутни новајлиите Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорговски и Цехте. Французинот Руди Сери по подолго е со екипата со нормален тренажен процес, по повредата која ја заработи во есенскиот дел од минатата сезона.На ракометарите им се обрати тим менаџер Звонко Шундовски кој им посака успешна сезона на ракометарите и целта, да се освои се што може да се освои во оваа сезона, а за тоа имаат добра екипа, одличен тим и квалитет.Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев им посака добредојде во Битола на старите и на новите ракометари и заедно сите да ги остварат сите цели кои Управата, стручниот штаб и ракометарите ги имаат зацртано.-Ни престојат натпревари во Лигата на Шампионите, домашното првенство и Купот, и мораме сите максимално да се посветиме за да стигнеме до целта.Тренерот Александар Јовиќ им ја претстави програмата на ракометарите во следните седум недели до дебито во домашното првенство.-Како управа, тренерски и менаџерски тим сигурен сум дека ќе направиме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите, а покрај тоа и да ги оствариме зацртаните цели во домашниот шампионат и Купот на Македонија. Нашата визија и цел е да направиме спој од македонски квалитетни млади ракометари дополнително со странски играчи. Не сакаме да имаме преголем број на ракометари во ростерот, мислам дека со уште едно до две засилувања ќе направиме одлична екипа за новата сезона.  Што се однесува до подготовките, од утре одиме на висински подготовки во Маврово, потоа играме два меѓународни турнири во Добој и Охрид, па последната фаза ќе ја одработиме во Битола и спремни ќе ја дочекаме новата натпреварувачка сезона. Утре во 9 часот изутрина тимот на Еурофарм Пелистер заминува на базични подготовки во Маврово, каде ќе работи на дваесет тренинг сесии до први август, кога е предвидено враќање во Битола.На подготовките во Маврово ќе заминат: Урбан Лесјак, Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ
Цветан Кузманоски, Руди Сери, Урош Борзаш, Дарко Стевановиќ, Емилијан Ѓорговски, Марио Танкоски, Каспер Кисум, Вилсон Дејвис, Павле Атанасијевиќ, Најц Цехте, Павле Петровиќ, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Андреас Јохан Нилсен и Денис Васиљев.Според Управата се очекува во наредните денови се очекува комплетирањето на ростерот за престојната сезона.

More from ВестиMore posts in Вести »