Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице по потерница, повредено лице по расправија, повреден градежен работник

Денеска (19.07.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 34 годишник од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор  за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 18.07.2023, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода  41 година од Битола затоа што, по претходна расправија, со метален и остар предмет  нападнал 37 годишно лице од Битола и му нанел повреда. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

На 18.07.2023 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со повреди бил донесен 62 годишник од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредите  при извршување на работни задачи во градежна фирма. За настанот биле запознаени трудов инспектор и јавен Обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »