Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола, во рамките на летниот фестивал “Бит фест“ започна 8. издание на Фестивалот “Хармониките“ кој се одржува во организација на “Савевски продукција“ и “Непокор“. Овогодишниот фестивал е посветен на виртуозите на хармониката, а во рамките на првата фестивалски вечер настапија музичарите Радован Ивановиќ на хармоника и Кристина Касагиќ на флејта двајцата од од Бања Лука, Босна и Херцеговина, кои на публиката во Битола им се претставија со одбрана камерна музика, со танго.
Инаку, Ивановиќ е актуелен светски шампион во мастер категоријата за армоники, награда која ја освои во октомври минатата година на натпревар во Швајцарија, а во меѓувреме освоил и уште други три награди за прво место.
Директорот на фестивалот, Сашко Савевски, на гостите и нивниот професор им подари икона.
Уметничкиот директор на фестивалот, Кирил Стојчевски, за утре, за втората фестивалска вечер рече деке ќе биде посветена на легендарниот маестро, Милан Завков, кој не е повеќе меѓу нас.

Се одржа првата фестивалска вечер на 8. фестивал “Хармониките“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“