Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола, во рамките на летниот фестивал “Бит фест“ започна 8. издание на Фестивалот “Хармониките“ кој се одржува во организација на “Савевски продукција“ и “Непокор“. Овогодишниот фестивал е посветен на виртуозите на хармониката, а во рамките на првата фестивалски вечер настапија музичарите Радован Ивановиќ на хармоника и Кристина Касагиќ на флејта двајцата од од Бања Лука, Босна и Херцеговина, кои на публиката во Битола им се претставија со одбрана камерна музика, со танго.Инаку, Ивановиќ е актуелен светски шампион во мастер категоријата за армоники, награда која ја освои во октомври минатата година на натпревар во Швајцарија, а во меѓувреме освоил и уште други три награди за прво место. Директорот на фестивалот, Сашко Савевски, на гостите и нивниот професор им подари икона. Уметничкиот директор на фестивалот, Кирил Стојчевски, за утре, за втората фестивалска вечер рече деке ќе биде посветена на легендарниот маестро, Милан Завков, кој не е повеќе меѓу нас.
Се одржа првата фестивалска вечер на 8. фестивал “Хармониките“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: граѓаните утре да се воздржат од користење возила кон Пелистер
- Мишковиќ: Добра одбрана е рецепт за триумф над ТФТ денес во Битола
- Во Битола претежно облачно со врнежи од дожд и снег, температурата до 4 степени
- Падна договор, Жарко Пешевски не мрда од Битола уште една година
- Започнаа “Празниците да живеат во Битола“, вечерва започна “Зимската приказна“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Две премиери на детски претстави во Народниот театар Битола “Снежана и седумте џуџиња“и “Снежната кралица“
- “Поетска колекција” – најновата книга на германски јазик на Александар Саша Трајковски од Битола
- Концертот “Пејте со нас“ на школата “Korunovska music & singing“ магија што ги обединува генерациите! (фотогалерија)
- Изложбата на стари фотографии “Битола виа Дебар“ на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (фото)
- “BAD SYMPHONY“ vs “DISCOPOLIS“ – уште едно неверојатно музичко патување со Камерниот оркестар :IW Connect во Битола (фотогалерија)