Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски нов капитен на Еурофарм Пелистер од Битола

-Жарко Пешевски е новиот капитен на Еурофарм Пелистер од Битола, а Марио Танкоски и Ненад Костески се заменици капитени на нашиот тим за сезоната 2023/24.

Ракометниот првак, екипата на Еурофарм Пелистер на првиот ден од подговките во Маврово, по вчерашниот старт во Битола, го назначи новиот капитен, а тоа Жарко Пешевски, кој го замени Мирко Радовиќ, кој беше капитен до заминувањето во Ловќен, Црна Гора.

За оваа сезона изборот падна на македонскиот репрезентативен пивотмен, 32 годишниот Жарко Пешевски, кој веќе втора година е член на битолскиот клуб, а во Битола дојде од Бундес лигата од Штутгарт.

Еурофарм Пелистер ги избра и двајцата заменици капитени, а тоа се Марио Танковски и Ненад Танковски.

More from ВестиMore posts in Вести »