Press "Enter" to skip to content

Кафе бар “Паладиум“ на битолчани и нивните гости им нуди и забава со жива свирка ова лето (фото)

На 12 април се отвори кафе бар Паладиум по тој повод пишувавме:

-Многумина кои беа присутни се вратија во времето кога  на истото ова место постоеше кафуле „Паладиум“ и работеше пред дваесетина години, а беше едно од култните места во градот. Според она како архитектите кои биле задолжени за ентериерот на “Паладиум“ за ексклузивниот  шанк од гранит, терасата, осветлувањето, деталите со најмодерен дизајн, за да биде вклопено во една нова урбана приказна во Битола…  Новиот сјај на  “Паладиум“ ќе ги врати спомените кај генерациите кои се забавувале тука.  По некои години и овие сегашни генерации со носталгија ќе се сеќаваат на моментите кои  ги поминувале тука, се дружеле, забавувале, вљубувале…За концептот на новиот кафе бар „Паладиум“, обновената летна тераса, новите изненадувања кои ќе им ги понуди на битолчани ова лето, поразговараме со сопственикот, Денис Мемеди, кој за трите месеци откако е отворено кафулето рече:-Задоволни сме од тоа како напредуваме од отворањето на новиот  кафе бар “Паладиум“ досега. Се надеваме дека ќе биде уште подобро и продолжуваме понатаму со новини за сите оние кои се наши гости. Со отворањето на овој кафе бар се трудевме се да биде квалитетно и на високо ниво, а тоа и го одржуваме. Модерен ентериер, шанк од гранит, осветлување. Сега ја дотеруваме терасата, тука е и шанкот каде се служат коктелите.  Како новина ќе бидат т.н. „Signiture“ коктели. Тоа се коктели кои што нашиот коктел мајстор Дарко Ристевски научил да ги подготвува во Велика Британија, а кои ги нема во другите локали. Уште од почетокот вечерите во четврток, петок и сабота гостите ги забавуваат бендови. Концептот на забави со жива музика со групи и пејачи продолжува и во текот на летото. “Паладиум“ веќе стана препознатлив по овие забави.Секако кај битолчани првата асоцијација кога ќе се спомене кафуле е кафето, дел од градската традиција, за што Мемеди вели:-Точно така, секое кафуле во Битола треба да биде препознатливо по кафето. Во однос на нашата понуда на кафе ќе го нагласам високо квалитетно од брендот “Lavazza“, а дека сме препознатливо по овој бренд зборуваат и нашите постојани гости, а и намерниците. Но, не остануваме само на кафето, ги нудиме е сите видови на пијалоци, безалкохолни и алкохолни, нудиме и богата винска карта. Исто така би нагласил дека се трудиме цените да ги прилагодиме на нашите гости, кои поголемиот дел се млади, а за десертите кои ги нуди “Паладиум“ додава:-Ќе кажам дека за љубителите на десерти ги имаме сите видови слатки и торти од слаткарнцата “Мариели“ со која соработуваме. А тука се и сладоледите на “Цермат“ вистинско уживање и разладување во овие жешки денови.Би ги поканил сите љубители на кафе да уживаат во истото во високо климатизирани услови овие летни денови, а секако и на летната тераса. За „отворањето“ на истата  подготвуваме летна забава на која гостите ќе ги забавува позната музичка ѕвезда, но тоа нека биде мало изненадување. Жанета Ристевска