Синоќа во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше отворено второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, со што и официјално започнаа годинешните 53. Илинденски денови во Битола.На Интернационалниот етнографски филмски фестивал на присутнире им се обрати директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, која уште еднаш нагласи дека овој фестивал е прв од ваков тип кај нас и е посветен е на широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражување на традиционалното наследство од нашите предци, но и модерниот начин на живот на заедниците во кои културата се негува како оплеменување и оплотување со разновидни увиди и методологии на работа на тимови од цел свет на филмови од ваков карактер.
Фестивалот на етнографски филмови ќе трае до 22 јули, а селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски, новинар од Франција кој живее во градот Нанси, 60 километри оддалечен од градот Епинал, во срцето на Европа. Гламчевски и неговата сопруга Блондин го креираат Меѓународниот филмски фестивал.-Се обидувам секоја година во програмата да ставам македонски филм или македонска копродукција, не само дека сум од Македонија туку поради вештините и квалитетот на филмските екипи, рече Гламчевски на отворањето.По минатогодишното прво издание, за оваа година селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти.
На отворањето беа прикажани филмовите “Тапкање на црните чизми“ и “Ментаваи – душите на шумата“. Вечерва исто така има два филма “Надвор цветаат портокалите“ и “Синовите на Каин“.