Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: набавена нова машина за бележење хоризонтална сигнализација

Општина Битола, продолжува да работи на реализација на предвидените проекти за кои согласно буџетот, обезбедени се потребните средства. Во согласност со здравствените препораки, се работи во раните утрински и вечерните часови.

Од синоќа започна обележувањето на хоризонталната сигнализација со новата машина и опрема набавена од страна на јавното претпријатие за паркирање во соработка со Општина Битола.

Секретарот на општината Борче Димитровски и директорот на ЈППЈЛП, Зоран Михајловски, извршија увид на вечерните работни активности кои се реализираат на сообраќајниците во градот, а Димитровски информираше и за проектите на кои во моментот работи општината.

-Општина Битола продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните. Работиме посветено на реализација на инфраструктурните проекти. Последниот период се соочуваме со голем предизвик со новонастанатата ситуација со зголемените температури. Започнуваме со бележење на хоризонталната сигнализација со новата машина која што е набавена во соработка со Јавното претпријатие “Паркинзи“, во вредност од 2.250.000 денари, што ќе овозможи и осовременување на нивните услуги, но и секако и зголемување на нивните приходи и ефективност во работењето. Покрај оваа машина, набавена е и дополнителна опрема за бележење на пешачките премини, изјави Борче Димитровски, секретар на општина Битола.

Директорот на Јавното претпријатие за паркирање, Зоран Михајловски, најави дека со новата опрема и машини, очекува значително да се зголеми квалитетот на бележењето на хоризонталната сигнализација.

More from ВестиMore posts in Вести »