Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ со апел до земјоделците за рационално и наменско користење на водата

Јавното претпријатие “Стрежево“ од Битола, имајќи во предвид дека сите сме сведоци на силен топлотен бран проследен со невообичаено високи и натпросечни температури за овој период од годината, апелира на рационално, внимателно и наменско користење на водата за наводнување.

Со зголемувањето на температурите во изминатиот период и зголемувањето на потребите за вода од страна на земјоделците изминатиот период се започна со интензивно наводнување на земјоделските култури во Пелагонија.

Заради ефикасно и продуктивно користење на водата препорачуваме да не се употребува техниката за површинско наводнување (бразди, прелевање, плавење), туку да се користат современи начини и техники за наводнување како што е впрочем предвиден системот за наводнување (наводнување со вештачки дожд или со систем капка по капка).

Апелираме на зголемување на свеста за рационално користење на водата во земјоделското производство и зголемување на информираноста кај населението за важноста, методите и значењето на конзервацијата и штедењето на водата во тековната сезона за наводнување.

Напоменуваме дека Стрежево ќе ги санкционира несовесните водокорисници доколку продолжат да не се придржуваат кон овие препораки, бидејќи треба да се адаптираме на климатските промени и да ја интензивираме примената на овие мерки кои се базираат на истражување и искуства на науката и самите земјоделските производители.