Иако во тимот на Еурофарм Пелистер од Битола од изминатата сезона го нема едниот Данец, Хенеберг, сепак Кисум во наредната сезона ќе има дански колега, а станува збор за 25 годишниот кружен напаѓач Андреас Јохан Нилсен.
По доаѓањето во Битола и започнувањето на подготовките првиот собир на тимот Нилсен не го криеше задоволството што ќе ги брани боите на Еурофарм Пелистер, и најави дека ќе биде „лудо“ да се игра пред пеколната атмосфера што ја создаваат битолските навивачи.-Тука сум само еден ден. ми се допаѓа атмосферата, луѓето се гостопримливи и времето е одлично. Едвај чекам да играм пред нашите навивачи. Гледам некои видеа и “лудо“ е да се игра тука. Ова е поинакво искуство од сите претходно. Се надевам дека ќе победиме многу натпревари, а цел е и да го освоиме првенството. Се надевам дека ќе го дадеме најдоброто и на натпреварите од Лигата на шампионите. Што се однесува до моите карактеристики, јас сум висок пивотмен, сакам да се движам многу, да играм одбрана. Сакам различни стилови и да играм во двата правци – одбрана и напад.