Синоќа во Битола, во рамките на 53, фестивал “Илинденски денови“ беше отворена изложбата на копаници “Уметност во дрво“, а поводот за оваа изложба е 30 годишниот јубилеј на Здружение на копаничари. Изложбата која се отвори во културниот центар Центарот за култура од Битола ја организира во соработка со Здружение на копаничари на Македонија, а на отворањето директорката Маја Андоновска – Илиевски, меѓу другото рече:
-Некои го нарекуваат занает, некои уметност… јас ќе го наречам љубов. Тоа е првото нешто што ми паѓа на памет за изложбата која одзема здив, а ја отворивме вечерва во магазата, одбележувајќи 30 годишен јубилеј на Здружение на копаничари на Македонија во склоп на фестивалот Илинденски денови.
Инаку, годинашниот фестивал “Илинденски денови“, во отворениот круг на светското наследството, нишките од минатото преточени во фолклор се испреплетуваат, плетејќи таписерија што не поврзува сите започна на 19 јули, а ќе трае до 31 јули.

Изложба на копаници “Уметност во дрво“ во рамки на “Илинденски денови“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Нискоградба“ Битола: санација на канализационата мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“ Битола
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Хуманитарен концерт за Оливер Богоевски
More from КултураMore posts in Култура »
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- Започна 32. издание на “Интерфест“ во Битола со изведби на операта “Рита“ (фотогалерија)
- Осум денови поезија, музика, филм… заврши “На Кино па Олабај со Манаки ОФФ“ (фотогалерија)
- Прослава на наследството – младите музички битолски таленти ги враќаат традициите
- Црвен тепих, доделување награди, проекција на филмот “Лена и Владимир“ за крај на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (мега фотогалерија)