Press "Enter" to skip to content

Ноќеска тепачка на две групи кај Ракометно, повредени две лица и малолетник, две лица пренесени на Клиники во Скопје, приведени три лица

Денес, 22 јули, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода едно лице на возраст од 19 и две лица на возраст од 18 години сите од Битола, а денес на службен разговор во полициската станица и денес се повикуваат и други лица поради сомнение дека биле вмешани во инцидентот.

Тепачката била пријавена во полиција околу 00.47 часот, а според пријавата, на Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет.

Две малолетни лица и еден 19-годишник завршиле со повреди и се пренесени во Клиничка болница Битола каде им е укажана медицинска помош. Две од повредените лица со потешки повреди, од кои едното во критична состојба се пренесени на Клиниките во Скопје со повреди на градниот кош и абдоменот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

More from ВестиMore posts in Вести »