Press "Enter" to skip to content

Најц Цехте: од Лесњак слушав само позитивни зборови за Битола, се надевам ќе биде и оваа сезона така

На подготовките во Маврово, со екипата на македонскиот шамион Еурофарм Пелистер од Битола е и првото реализирано засилување Најц Цехте, кој лани требаше да биде засилување на конкурентот на битоллани, екипата на Вардар, а во Битола доаѓа од ГОГ од Данска.

По првите дена поминати во Битола, искусниот словенечки репрезентативец за мотивот да биде во Еурофарм Пелистер и новиот предизвик во кариерата и да ја прифати понудата на Еурофарм Пелистер каде што ќе игра со неговиот сонародник Урбан Лесјак, рече:

-Среќен сум што пристигнав во Битола, се надевам дека сè ќе биде во ред и нема да има повреди за време на подготвителниот период. Со Лесјак многу зборував за атмосферата во клубот и градот и ми кажа само убави зборови. Се надевам дека така ќе биде и оваа сезона и ќе успееме да освоиме што повеќе трофеи.

More from ВестиMore posts in Вести »