Синоќа во Заводот и Музеј во Битола отворена беше изложба “Везовите на Македонија“ во рамките на 53. издание на фестивалот “Илинденски денови“. Изложбата е поставена во соработка со НУ Музеј на Македонија – Скопје, а на отворањето зборуваше директорката на Центар за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, која рече:
-Македонски везови е изложба која во соработка со Музеј на Македонија вечерва ја отворивме во битолскиот музеј во рамките на “Илинденски денови“. Оваа изложба според зборовите на директорот на музејот е најшетаната изложба која била изложена низ цела Европа и посетила и неколку прекуокеански земји. За прв пат ја имаме во Битола, и дефинитивно е една од изложбите кои не смеат да се пропуштат.
На отворањето зборуваше и директорот на НУ Музеј на Македонија – Скопје, Илија Цурев.
Изложбата ќе биде отворена за посети до 31.07.2023 во малата сала на Завод и Музеј во Битола.
Вчера беше одржан и саемот на книга и проекции на македонските филмови во склоп на Етнографскиот филмски фестивал Австралија Австралија и Дае, на режисерот Столе Попов.

Отворена изложбата “Везовите на Македонија“ во рамките на “Илинденски денови“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Нискоградба“ Битола: санација на канализационата мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“ Битола
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Хуманитарен концерт за Оливер Богоевски
More from КултураMore posts in Култура »
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- Започна 32. издание на “Интерфест“ во Битола со изведби на операта “Рита“ (фотогалерија)
- Осум денови поезија, музика, филм… заврши “На Кино па Олабај со Манаки ОФФ“ (фотогалерија)
- Прослава на наследството – младите музички битолски таленти ги враќаат традициите
- Црвен тепих, доделување награди, проекција на филмот “Лена и Владимир“ за крај на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (мега фотогалерија)