Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени четири лица за непристојно однесување, пријава за зголема јачина на бучавост

Полициски службеници од СВР Битола, во рамки на активностите од проектот “Безбедно лето 2023“ во текот на минатата ноќ до раните утрински часови (22/23.07.2023), односно во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведоа акциска контрола за присуство на малолетни лица во спортски обложувалници, казина и на јавни простори после полноќ.

Во Битола ноќва околу 01.00 часот од страна на полициски службеници при СВР Битола во близина на месноста “Јени Џамија“ биле затекнати четори лица сите од Битола, кои што непристојно се однесувале на јавно места. Истите биле лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Исто така, во угостителски објекти на подрачјето на Битола со инструмент фонометар била вршена проверка на јачината на бучавата, при што бил констатиран прекршок во угостителски објект во централното градско подрачје и ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »