Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: социјалните медиуми виртуелен простор за изразување негативни емоции

-Како би било да не се гледаме според моа како изгледаме, каква религија практикуваме или каде живееме … туку врз основа на она што го вреднуваме? Хуманоста, љубезноста, вроденото чувство за нашата меѓусебна поврзаност. И верувањето дека ние сме чувари, не само на нашиот дом и на нашата планета, туку и чувари едни на други, Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд. 

Социјалните медиуми, станаа “арена“ на натпревар каде  осудата, бесот и омразата кон другиот, различниот, и неистомисленикот, припадник на “другата страна“ или “група“ се осудува.

Слободата на изразување го вклучува правото на изразување идеи што може да се сметаат за критички, нападни, навредливи или контроверзни. Сепак, слободата на изразување не е право без ограничувања.

Социјалните медиуми виртуелен простор каде преку коментари секој  може да го искаже своето  мислење. Тргнувајќи од тоа дека секој има право слободно да се изрази, со едноставно типкање и без самоконтрола на емоциите се шират негативни коментари со навредлива содржина на кои често се надоврзуваат други, исто така негативни  кои одат до напад врз интегритет на  личност.  Негативни емоции : бес, гнев, осуда и омразата кон другиот, различниот, и неистомисленикот, припадник на „другата страна“ или „група“. Примери има многу. Во основа шират говор на омраза  која може да биде: политичка, националистичка, религиозна, социјална  основа.

Бројот на лакови репер, дали напишаните статуси, коментари, блогови се добро напишани и општествено прифатени. Бројот на лајкови “поттик“  да се  продолжи со пишување.

Но, за жал најчесто негативните каоментари со навредлива содржина  се вообичаено  или секогаш многу повеќе лајкувани.  Ако не се добие поттик со бројот на лајкови (споделување) се оди понатаму, со друг пост. Ако се добијат „доволен“ број  лајкови се оди понатаму повторно. Сето тоа во еден “магичен  “ круг,  за да се постигне целта, а тоа значи личноста да се „истакне“ или добие себепотврдување и своите мислење, идеи… Сметајќи дека со тоа е значајна и претставува или завзема значајно место во заедницата или општеството. Најчесто  лекот за болката од неправдите, немоќта и чувството на безначајност, кои тешко се поднесуваат се прикриваат на овој начин. 

Во основата на овие негативниот начин на изразување и говорот на омраза сепак стојат предрасудите.

Што се предрасуди.

Тие се мислења од негативна природа кои се формираат кон некоја личност, заедница на луѓе, предмет или специфичен настан засновани врз однапред смислени идеи, стереотипи и преференции. Се вели дека некој има предрасуди кога ќе суди некому или нешто претходно или однапред без да имал контакт пред или без да има никакво знаење. Пример за социјална предрасуда е да се мисли дека “наставниците не работат имаат само 4-5 часа дневно, имаат 2 месеци одмор“ (дел од коментари на социјалните мрежи)… “Цигани се криминалци“.

Слобода на изразување и говор на омраза

Постои тенка линија помеѓу слободата на говор и говорот на омраза. Слободниот говор поттикнува дебата, додека говорот на омраза поттикнува насилство. Кога велиме слобода на изразување, се повикуваме на фактот дека секој има право да се изрази, слободно да дава или да прима информации и идеи. Сепак, слободата на изразување не е право без ограничувања. Државите можат да ги санкционираат или спречат формите на изразување кои шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат омраза, за да ги заштитат правата на другите луѓе. Треба да постои рамнотежа помеѓу тоа да им се дозволи на луѓето да ги искажуваат своите мисли и да се осигура дека тоа не ги поткопува правата на другите личности. заедницата како целина.

ОМРАЗАТА НЕ ПРИПАЃА НА НИТУ ЕДНА ГРУПА: СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ МЕТА НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА!

Говорот на омраза има значителни и широки последици врз поединечната жртва, врз целната група и другите ранливи групи, како и врз заедницата како целина. Луѓето исто така можат да бидат мета врз основа на повеќе од една карактеристика, на пример, и како жени и како мигранти.

РЕАЛНИ ПРИМЕРИ ЗА ШИРЕЊЕ НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОИ СТАНАА МНОГУ ПОПУЛАРНИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИТЕ: ВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ/ ПОЛИТИЧАРИ

Кога мислиме на говорот на омраза, треба да размислиме за неговото влијание и штета врз поединците, групите или општеството во целина. Ова влијание е засилено во јавната арена, бидејќи јавните личности имаат влијание врз пошироката публика. Ова е и причината поради која тие имаат одговорност да се воздржат од употреба на говор на омраза и стигматизација, како и да ја осудат употребата на говор на омраза кај другите. Секаков вид говор на омраза треба до одреден степен да се препознае како лош, иако има случаи што можат да бидат и полоши. На пример, може да бидат понавредливи, може да влијаат на поголем број луѓе и да бидат потенцијално поштетни, само затоа што се изразени од луѓе кои имаат поширока публика на платформите на социјалните мрежи. Овие луѓе можат да го користат говорот на омраза и со тоа да добијат повеќе интеракции и следбеници.

ЗАЗЕМЕТЕ СТАВ ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

-Без оглед на тоа од кој дел на светот потекнуваме, сите сме во основа истите човечки суштества. Сите ние бараме среќа и се обидуваме да ги избегнеме страдањата. Сите ги имаме истите основни човечки потреби и грижи, Далај Лама.