-Денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, во близина на Кукуречанска крстосница се случила сообраќајна несреќа. Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило “сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од 44 годишник од Штип и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од Битола, соппштива СВР Битола.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен.
Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.
Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, соопштоја од Основното јавно обвинителство Битола.