Press "Enter" to skip to content

Со благослов од манастирот “Св. Ѓорги“ – Велушина испратена коњаницата “Букефал“ од Битола по “Патот на Црешовото топче“ од Бигорски до Крушево (фотогалерија)

-Во пресрет на големиот празник Илинден, коњаница од  коњичкиот јавачки клуб “Букевал“ од Битола, во која има и 4 коњанички, тргна на рута т.н. “Патот на Црешовото тошче“ од манастирот “Св. Ѓорѓи“ над Велушина, низ Битола, преку манастирот “Св. Јован Бигорски“ место каде се правело црешовото топче, се до Крушево, на Мечкин камен, каде ќе стигнат на Илинден.

Манастирот “Св. Ѓорги“ село Велушина еден од најстарите манастири сместен во подножјето на Баба планина. Од тука има прекрасна глетка наоколу. Селото Велушина се наоѓа на околу 15-тина километри од Битола, а во последните години се возбновуваат конаците. Во изградбата учествуваат доброволци кои градата и се добива еден нов лик на конаците од стариот манастир. Во него може да се преспие, одмори. Синоќа дворот  на манстирот беше преполн со луѓе и членови на коњаницата на КЈК “Букефал“ од Битола, кои преспаа тука на големите тремови, за утринава да тргнат на долгиот пат.Денот пред тргнување на коњаницата исполнет со многу луѓе, музика и песна за да ги испратат храбрите коњаници кои ќе поминат повеќе од 150 км пат. Поразговаравме со Стево Петров домаќин на манстирот и еден од оние кои се најзаслужни за одржување, текот на изградбата  на новите конаци  кои ќе бидат дел на манастирот “Св. Ѓорги“.-Еве денес во пресрет на големиот Илинден, со прослава, свечено ја  испраќаме коњаницата. Оваа година се вклучени искусни коњаници  во овој поход околу 23 меѓу кои и 4 војвотки. Ќе преспијат тука на нашите конаци и заминуваат утре во 7 и пол  преку Битола до манастирот “Св. Јован Бигорски“, таму  каде се правело Црешовото топче. Од тука и се нарекува “Патот или рута на Црешовото топче“. После 7 дена да се стигне на Илинден 2 август во Крушево. Не сметајќи го патот до “Бигорски“ до каде ќе одат со камиони ќе се поминат околу 150 км. Затоа сакавме да ги испратиме достојно со богослужба. Коњите и коњаниците благословени да тргнат на пат како што е ред. На така да го нареречам “испраќање“ многу народ се собра, многу наши сонародници кои живеат во странство дојдоа оваа година, а последните години заради корона не можеа. Денес сите беа тука, како и градоначалниците на Битола и Новаци. На настанот ни гостуваше културно уметничко друштво од село Новаци. Тука би испратил голема благодарност до градоначалникот и општината. Се надеваме и сакаме настанот да стане традиционален.Додека се подготвуваа да се одморат и преспијат во конаците на манастирот поразговаравме со храбрите  припаднички на понежниот пол кои ќе бидат дел од коњаницата на КЈК “Букефал“. Чест оваа година да биде војводка и припадна на Јована Телевска, која рече: -Ова е едно големо доживување за мене, војводка во коњаницата “Букефал“ и рута “Пат на Црешовото топче“. Најсреќна сум што оваа година сум избрана да бидам војводка. Да бидеш војвотка е најголема  чест што може да ја имаш Оваа година ми е втора по ред да учествувам во коњаница по повод Илинден. Возбудена сум, пред тргнување, не чека долг пати и многу доживувања. Се надевам дека се ќе биде во ред и ќе се вратиме живи, здрави.Симона Талевска е претседател на КЈК “Букефал“ и една од четирите женски претставнички на коњаницата изјави:-Членови сме на коњичкиот јавачки клуб “Букефал“ битолска коњаница. Тренираме редовно еднаш неделно. Исто така се вклучивме  во коњаницата на КЈК “Букефал“ по повод големиот Илинден. Во чест на сите револуционери кои се бореле и дале својот живот, а од овој регион има многу. Оваа година имаме  20 коњаници тргнуваме од тука преку Битола до “Св Јован Бигорски“ и одиме понатаму. На 2 авгуат треба да пристигнеме на Мачкин Камен. Тоа се 7 дена јавање и околу 150 киломтри пат. Ќе одмараме по патот, најчесто во конаците на манастири каде и ќе преспиваме. Не чека долг и возбдлив пат. Покрај мене тука се и Ивана Петровска, Јована Талевска и Стефани Трајчевска. Би сакале да кажаме дека без помош на спонзирите немаше да бидеме вака подготвени. Би сакале да ги наброиме, со што им изразуваме благодарност. Тоа е “Голд Фелициа“, “Евро тип“ и личности од дијспората од овој крај кои многу помогнаа.Најголема благодарност од КЈК “Букефал“ изразуваат до Пеце Пејчиновски и Ѓунер Али, бидејќи  без нив не можеше да се реализира коњаницата. Тие помогнаа со што ни дадоа дел опрема и коњи. Поточно тие ни дадоа 6 коњи, заедно со наши 14, одиме со вкупно  20 коњи на рутата “Патот на Црешовото топше“за големиот празник на македонскиот народ Илинден.По службата во манастирот која ја водеше Отец Стефан, пред присутните се обрати професорот по истотија Ѓорѓи Чекутков, кој на собирот во организација на коњаницата “Букефал“ одржан и историски час на кој рече:-Во виорот на Илинденското востание, а и потоа Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО бил најдобро организиран од македонските револуционери, а македонскиот народ во овој округ дал голема подршка на востаничките чети како во борбата за ослободување на Македонија од Османлиите така и во борбата и против грчката, бугарска и српска пропаганда односно дека Македонците се бореа за своја македонска држава. И денес Македонците треба да ги штитат своте македонски национални интереси македонскиот идентитет и да се борат за македонската национална кауза.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »