Во овие екстремни летни жештини јавното претријатие “Стрежево“ од Битола испорачува вода со полн капацитет кон граѓаните, преку Главниот канал за наводнување и за потребите на РЕК “Битола“, а за тоа директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски вели:
-Ги задоволуваме сите потреби на водокорисниците со тоа што испорачуваме и до 9 м3 вода по Главниот канал. Поради исклучително високоте температури и сушниот периот во последните недели по Главниот канал на хидросистемот “Стрежево“ за водокорисниците се испорачува околу 9 м3 вода. Сите 10 главни цевководи се под притисок и на некои од нив се испорачува вода и по 1.000 литри во секунда. Мораме да напоменеме дека само за 20 дена од јули се потрошени околу 10 милиони метри кубни вода. -За жал заради големата суша земјоделците истовремено ги наводнуваат своите култури па така кај последните цевководи кај некои делнични цевководи во населените места се појавува и недостаток на вода. Апелираме за рационално и планско користење на водатата за наводнување се со цел да се задоволат потребите и на земјоделците и од поодалечените и повисоките места од хидросистемот. Апелираме и самоиницијативно да не се користи хидромеханичката опрема се до цел да не настанат непосакувани дефекти на опремата и цевководната мрежа.
-Вода има доволно во акумулацијата за сите водокорисници но потребно е штедење. Во овој момент акумулацијата е полна и има капацитет од 92 милиони метри кубни вода. “Стрежево“ водата рационално ја користи со тоа што во овај момент вклучени се 4 те прибрански хидроцентрали и прибрански хидроцентрали и прво произведуваме струја, а потоа истата вода ја испорачуваме во водокорисниците, вели Граматковски.