Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ обездедува вода за жедното Битолско поле, за 20 дена се потрошени 10 милиони метри кубни вода

Во овие екстремни летни жештини јавното претријатие “Стрежево“ од Битола испорачува вода со полн капацитет кон граѓаните, преку Главниот канал за наводнување и за потребите на РЕК “Битола“, а за тоа директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски вели:

-Ги задоволуваме сите потреби на водокорисниците со тоа што испорачуваме и до 9 м3 вода по Главниот канал. Поради исклучително високоте температури и сушниот периот во последните недели по Главниот канал на хидросистемот “Стрежево“ за водокорисниците се испорачува околу 9 м3 вода. Сите 10 главни цевководи се под притисок и на некои од  нив се испорачува  вода и по 1.000 литри во секунда.  Мораме да напоменеме дека само за 20 дена од јули се потрошени околу 10 милиони метри кубни вода. -За жал заради големата суша земјоделците истовремено ги наводнуваат своите култури па така кај последните цевководи кај некои делнични цевководи во населените места се појавува и недостаток на вода.  Апелираме за рационално и планско користење на водатата за наводнување се со цел да се задоволат потребите и на земјоделците и од поодалечените и повисоките места од хидросистемот. Апелираме и самоиницијативно да не се користи хидромеханичката опрема се до цел да не настанат непосакувани дефекти на опремата и цевководната мрежа.

-Вода има доволно во акумулацијата за сите водокорисници но потребно е штедење. Во овој момент акумулацијата е полна и има капацитет од 92 милиони метри кубни вода. “Стрежево“ водата рационално ја користи со тоа што во овај момент вклучени се 4 те прибрански хидроцентрали и прибрански хидроцентрали и прво произведуваме струја, а потоа истата вода ја испорачуваме во водокорисниците, вели Граматковски.

More from ВестиMore posts in Вести »