Press "Enter" to skip to content

“Бар Општина“ зелена оаза, подалеку од гужвите, а сепак во срцето на градот (фотогалерија)

Вашето ново омилено место! Ова е слоганот на дечките од ново-отворениот кафе бар “Бар Општина“!-“Бар Општина“ е концепт осмислен и изграден со многу љубов, труд и посветеност. Идејата да им се понуди на битолчани и околината зелена оаза, подалеку од гужвите, а сепак во срцето на градот се роди неодамна. Да се вложи толку многу љубов во едно место кое ќе биде посебно само по себе, опкружено со зеленило, со акцент ставен и на најмалите, каде дури и миленичињата се добредојдени беше резултат само на едно: долгогодишната врска со туризмот и угостителството и желбата да се докажеме како професионалци пред Битолчани и сите наши потенцијални гости, вели Костадин Нечовски, сопственикот на “Бар Општина“ и додава:Би сакал и јавно да се заблагодарам на сите пријатели и колеги кои безрезервно допринесуваа секој ден, без нив Бар Општина не би била ова што е денес.Костадин Нечовски е човек веќе добро познат на битолчано, кој повеќе од 10тина години ги посветил кон развој на туризмот и допринесол со своето делување во Битола и околината на повеќе менаџерски функции во угостителски објекти.

-Барот ќе им биде на располагање на Битолчани и на сите оние кои се желни да го посетат секој ден во периодот помеѓу 07.30-00.00 часот. Искрено се надеваме дека ќе ја доловиме нашата замисла и нашите гости ќе уживаат во една поинаква летна приказна, додаваат од “Бар Општина“.