Press "Enter" to skip to content

Со “Комитското“ на “Илинден“ отворен 53. фестивал “Илинденски денови” во Битола (фотогалерија)

Синоќа на сцената на платотото пред Офицерски дом во Битола, вечерва започна  53. издание на фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови”, а како и секоја година, му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот низ Широк Сокак во Битола.Пред официјалното отворање на фестивалот КУД “Илинден“ го изведе “Комитското“ во придружба на ансамблот на друштвото, а потоа на присутните им се обрати и директорката на НУУБ Центар за култура, Маја Андоновска – Илиевски, која рече:-Со срце и душа, исполнета со стиховите на Рацин, облечена во уникатноста на македонската народна носија, носија од каде мене ме влечат прадедовите и прабабините смилевски корени, носија изработена од убавите жени на мојот народ, тие брзо процутувале, како цут кајсија… така пишуваше Блаже Конески – така стојам пред вас јас драги гости. Стојам гордо пред нов предизвик, пред ново издание на Републичкиот фестивал „Илинденски денови“. Фестивал паметник, фестивал симбол на инклузивност, заедница, рушење на бариерите и почитување на различностите. Фестивал – традиција. На денешниот свет со брзо темпо од суштинско значење е да се потсетиме на важноста за зачувувување на нашето културно наследство, на нашиот јазик, обичаите, ритуалите, песната и играта. И срцата наши чукаат во 7/8 такт, тоа се нишките кои не поврзуваат заедно, формирајќи го ткивото на нашиот идентитет. Но, дозволете да ги подадеме нашите раце на пријателство и разбирање кон оние кои што се од различно потекло, затоа што во различноста е убавината, а во отворените срца, едни кон други можеме да градиме мостови на меѓусебно почитување и соработка и додаде:-Илинденски денови“ е фестивал на битолчани. „Илинденски денови“ е празник на градот кој широко ги отвора вратите за светот. Тој е нашиот најубав битолски фестивал, нашиот амбасадор на културата на светот, а наша желба е и во иднина да биде државен настан кој ќе остане пример за останатите.На сите гости, учесници на фестивалот убав престој во Битола им посака градиначаникот на Битола, Тони Коњановски, кој рече:-Убавината на еден град е во неговата моќ. Низ најголемите вредности од минатото да ја претстави историјата, и низ песна, музика, игра и уметност – да ја претстави сегашноста. Битола по 53-ти пат претставувајќи ја традицијата, ги оживува мелодиите на годините кои останале зад нас, склопени за потребите на новот време кое значи инвентивност, но и неопходност да се сочува печатот на културите од овие простори. Меѓусебното споделување секогаш значи себепромоција, но и учење за вредностите на другите народи, меѓусебно подобро разбирање и почитување. Само преку промоција и подигнување на културниот развој можеме достојно да го зачуваме споменот, да дадеме пример за младите генерации, нашите идни промтори. Овогодишниот отворен круг на Републичкиот фестивал на народни игри и песни продолжува да биде инспирација за творештвото собирајќи ги на едно место домашните ансамбли, но и боите на 8 земји од светот. Ви посакувам топло добредојде на фестивалот „Илинденски денови“, кој е дел од програмата на битолското културно лето и кој и оваа година ја отсликува нашата заложба како локална самоуправа да дадеме поддршка на вистинските културно уметнички карактеристики кои низ боите на фолклорот деновиве раздвижуваат повеќе сцени низ Битола.Фестивалот за отворен го прогласи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој нагласи:-Фестивалот на народни песни и игри ,,Илинденски денови" е интернационален и единствен наш фестивал кој што е во елитата на фолклорни фестивали во светот. Фестивалот претставува богато светско културно наследство. Задоволство е да се видат на едно место маестралните изведувачи кои се дел од ансамблите на народни игри и песни од држави во повеќе континенти. Несомнено дека членовите на куктурните установи се и амбасадори на културното богатство на својот народ, држава. Преку преплетувањето на културните мемории на земјите од кои доаѓаат, преку спецификите на ритамот и мелосот, разиграното шаренило на автентичните везови и фолклорни детали, потврдуваат дека се универзална цивилизациска категорија и дел од богатото светско културно наследство.На приситнит и им се обрати и Енрик Мердих од ЦИОФФ кој рече:-ЦИОФФ е една голема меѓународна фамилија во која членуваат околу 100 држави и која низ целиот свет ги здружува фестивалите кои се со најголем организациски ранг. Во Јужноевропскиот сектор имаме над 150 ЦИОФФ лиценцирани фестивали меѓу кои и овој во Битола. Сите фестивали на ЦИОФФ ни овозможуваат прилика да поддржиме и споделиме култура, толеранција и пријателство. Тоа се случува и на фестивалот „Илинденски денови“!По официјалниот дел на фестивалот започна и првата фестивалска вечер на која настапија и “Русалииите“ кои се редовни гости и изведувачи на денот на отворањето на Фестивалот.На фестивалски вечерите ќе настапат играорци кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури на земките од каде доаѓаат. Фестивалот ќе се одржува по Широк Сокак, во Магазата, низ Старата битолска чаршија, во Хераклеја и на Ракометно игралиште.

Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »