Традиционалното дефиле кое го најавува фестивалот “Илинденски денови“ во Битола, вчера започна точно во 18,30 часот од плоштадот “Магнолија“ во Битола каде беше и збирното место на најголем број на играорни групи, учесници на фестивалот кои го се славеа светскиот фолклор во Битола.Како и секоја година, така и оваа, дефилето го предводеа играорците на КУД “Илинден“ кој го носеа македонското знаме и сликата на идеологот на Организацијата, Гоце Делчев.
Во дефилето беа членовите на “Русалии“ од Секирник, “древните чувари“ на христијанството и Исус Христос, кои секоја година настапуваат на фестивалот со традиционалните русалиски игри.
По орото кое го заиграа играорците на КУД “Илинден“, а го продолжија сите играорни групи кои беа на “Магнолија“, а во Битола ќе ги има над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија, кои ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови.
Битола е градот домаќин и организаторот овој фестивал, над половина век, а “Илинденски денови“ е печатот на нашиот идентитет, есто каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.
Дефилето како и секоја година го следеа голем број на битолчани, а тука беа и нашите сограѓани од дијаспората.
Како изгледаше традиционалното дефиле низ Широк Сокак, ќе се обидеме да ви пренесеме низ фотографиите на Дамијана Ристевски.

Фоторепортажа на Дамијана Ристевска од дефилето за “Илинденски денови“ низ Широк Сокак во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Јанта Волеј победник на 11. турнир на Пелистер Волеј, домаќинот второпласиран (фотогалерија)
- Денес отворање на изложбата и доделување на наградите на фото-изложбата “Со љубов од Битола“
- Во Битола променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
- Пожарникарите од Битола за 48 часа заштитиле и спасиле 11 населени места, некаде биле навредувани и попречувани, а некаде имале помош од мештаните
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Денес отворање на изложбата и доделување на наградите на фото-изложбата “Со љубов од Битола“
- Магазата во Битола ги отвори вратите за програмата “На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ
- Оворено 44. издание на “Браќа Манаки“, за Питер Бижу наградата “Златна камера 300“ за животен опус
- Под мотото „Прекрасното непознато“ вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
- „Наследниците на Манаки“: младите ја продолжуваат приказната на браќата Манаки за Битола