Традиционалното дефиле кое го најавува фестивалот “Илинденски денови“ во Битола, вчера започна точно во 18,30 часот од плоштадот “Магнолија“ во Битола каде беше и збирното место на најголем број на играорни групи, учесници на фестивалот кои го се славеа светскиот фолклор во Битола.Како и секоја година, така и оваа, дефилето го предводеа играорците на КУД “Илинден“ кој го носеа македонското знаме и сликата на идеологот на Организацијата, Гоце Делчев.Во дефилето беа членовите на “Русалии“ од Секирник, “древните чувари“ на христијанството и Исус Христос, кои секоја година настапуваат на фестивалот со традиционалните русалиски игри.По орото кое го заиграа играорците на КУД “Илинден“, а го продолжија сите играорни групи кои беа на “Магнолија“, а во Битола ќе ги има над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија, кои ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови.Битола е градот домаќин и организаторот овој фестивал, над половина век, а “Илинденски денови“ е печатот на нашиот идентитет, есто каде го споделуваме своето и го уважуваме туѓото во духот на Гоцевата мисла.Дефилето како и секоја година го следеа голем број на битолчани, а тука беа и нашите сограѓани од дијаспората.Како изгледаше традиционалното дефиле низ Широк Сокак, ќе се обидеме да ви пренесеме низ фотографиите на Дамијана Ристевски.
Фоторепортажа на Дамијана Ристевска од дефилето за “Илинденски денови“ низ Широк Сокак во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
More from КултураMore posts in Култура »
- Вечерва се одржа хуманитарна вечер со македонски автори во “Book’s House“ во Битола (фотогалерија)
- Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4
- “Галеб“ од Чехов, утре, премиерно во Народен театар Битола
- Камерниот оркестар на Битола изведе македонски евергрини во срцето на Виена
- Изложени 800 дела на првото биенале на минијатурни графики и цртежи Битола 2023 во Солун, Грција