Press "Enter" to skip to content

Од подготовките на Еурофарм Пелистер во Маврово, се создава кадарна екипа за на терен и организациски тим да одговорат на сите предизвици (фотогалерија)

Од Маврово: Сашо Ристевски, текст и фото

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола кој е актуелен ракометар шампион на Македонија, по прозивката во Битола се наоѓа во нивната редовната ракометна база Маврово, каде ја одработуваат најважната фаза од подготовките пред стартот на новата ракометна сезона. Тимот од Битола ќе игра во Лигата на шампиони, а битолчани повторно ќе гледаат квалитетни ракометни противници, најдобрите европски екипи. На подготовки во Маврово се наоѓаат сите ракометари на кои сметаат Александар Јовиќ и Ѕвонко Шундовски, а денес на тимот ќе му се приклучи и најновото засилување, алжирскиот голман Калифа Гедбан.Во Маврово се работи пеколно, по два тренинзи, состаноци, планови, а сето тоа да помине во најдобар ред се грижи Бојан Стерјев кој е од првиот ден во Маврово, а секако со постојан контакт со претседателот Зоран Стерјев и новиот директор Бранислав Ангеловски.-Подготовките во Маврово се одвиваат во најдобар можен ред. Тимот е составен од позитивни луѓе, професионалци, кои се 100% посветени во тоа што го работат. Можам да кажам дека ова се едни од најтешките подготовки на кој сум присуствувал, а тоа е разбирливо, бидејќи влогот е голем, Лига на шампиони, а како беше речено на прозивката, на првиот дел, целта е да се освои се на домашен план. Хемијата во тимот е одлична, сезоната ќе ја пречекаме подготвени, ќе одговориме максимално на сите предизвици, вели Бојан Стерјев, кој е постојано растрчан, низ хотелот, во салата, или “на компјутер“, се една цел се да биде како треба, а секако се грижи и за дел од комуникацијата со ЕХФ, со канцеларијата во Битола…Кога бевме со тимот во Маврово, на еден ден или како вели Бранислав Ангеловски, одам-идам, со телефон во рака или во довогор со тренерите, или без да трепне ги следи тренинзите.

-Имаме многу обрски кои мора да се завршат до денот кога ја очекуваме инспекцијата од ЕХФ, или до одлуката која ја чекаме, дозвола за спортската сала во Битола, да можеме да ги играме натпреварите од Лигата на шампиони. Но, не седиме и само ја очекуваме одлуката, туку напротив, работиме на сите организациски задачи, во салата, на маркетиншки план, на засилувања, на влезници… Се надевам дека се ќе биде завршено до роковите и Битола ќе гледа најквалитен ракомет, во полна сала, во одлична ракометна атмосфера.Додека Управата и директорот и “канцеларија“ се во полна пареа посветени на сите нови предизвици, тренерот Александар Јовиќ и тим менаџерот на “пелистерци“, Звонко Шундовски бијат битка ракометарите да бидат повеќе од 100 проценти подготвени за европските и домашните предизвици, во престојната долга и тешка сезона. За тоа како се одвиваат “висинските“ подготовки во Маврово, Шундовски ни рече:

-Ова е период во кој што треба да ги наполнеме нашите батерии. Период каде што капацитетот на плуќата мора да достигне максимум. Подготовките се тешки, но не можам јас да кажам дали се најтешки. Имаме програма од која што се бара многу од ракометарите, но се надеваме дека истата ќе резултира со континуитет на добра физичка подготвеност на ракометарите.Пелистерци по подготовките во Маврово ќе одигра квалитетни контролни средби во Добој и Охрид, за што Шундовски додава:-Играме контролни натпревари со реномирани противници. На истите ќе може да видеме до каде се нашите можности и потоа ќе знаеме како да реагираме. Сепак, морам да напоменам дека имам верба во оваа екипа и мислам дека е кадарна да се носи со секој предизвик, односно секој противник.Шундовски за последното засилување на тимот, алжирскиот голман Калифа Гедбан, кој денес ќе му биде на располагање рече:-Сите играчи кои ги донесовме досега се со висок потенцијал и голем квалитет. Имаат искуство во Лигата на шампионите, кое ќе биде добредојдено во ова наша генерално млада екипа да ја водат низ тие тешки натпревари и се надеваме дека ќе дадат дополнително искуство во ова натпреварување.  Со Гедбан очекуваме стабилизација на голманската позиција. Факт е дека ни требаа тројца врвни голмани кои ќе ги носат тие натпревари блиску до егал резутлат. Во секој случај се работи за трио на доста квалитетни голмани, кои се млади, но и искусни.Шундовски истакна дека и очекувањата на Еурофарм Пелистер се високи, без разлика на квалитетот на ривалите во Лигата на шампионите.

-И нашите очекувања се високи. Нема да се предадеме. Создадовме еден респектабилен тим, кој ќе може да се носи во Лигата на шампионите. А, доколку ни се пружи шанса за победа, сигурно дека нема да ја испуштиме. На секој натпревар ќе одиме на победа, особено на тие пред битолската публика.

За се да биде во најдобар ред со екипата и “физио“ тимот, кондициониот тренер и физиотерапевтите, кој 24 часа во “нивната ординација“ ги подготвуваат ракометарите, ги снимаат нивните параметри, им даваат совети како најлесно да ги поминат тешките подготовки, да бидат најдобро подготвени и да ги издржат престојните напори.Пелистер својот прв натпревар во Лигата на шампионите ќе го одигра на 13 септември во Битола, против Колштад.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »