Press "Enter" to skip to content

Утре, сабота, 4. по ред летна “Ретро журка Орфеј“, во “Расчекор“ во Битола, со ди-џеите Николче, Кекело и Косата (фото)

-Утре, 29 јули, во ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола ќе се одржи 4. по ред “Ретро журка Орфеј“, а во старите времиња битолчани ќе ги “вратат“ преку музиката ди-џеите Николче Терзиевски, Иле Коса и Кекело. 

И оваа година ќе се одржи 4. по ред “Ретро журка Орфеј“ со интересно мото “Овде нема стари и млади, нема наши-ваши, журка е, се игра и дружење се слави!“ а сите да понесат позитивна енергија.

Ноќниот клуб “Расчекор“ од Битола и овој пат ги отвора вратите за “Ретро журка Орфеј“, а  убавите зборови на оние кои биле присутни, сакаме да се повторат  и со оваа “постава“ на ди-џеи, Ноколче Терзивски кој е од времето на “Орфеј“ заедно со Иле Косата и Кекело.Организаторите на “Ретро журка Орфеј“ велат дека се е подготвено на задоволство за сите.

-Едноставно, сите одиме да се забавуваме и да поиграме, а богами некои можеби повторно ќе ги видат старите симпатии и љубови. И овој пат со тројца ди-џеи, Николче Терзиевски, Иле Косата и Златко Самарџиев – Кекел, кои веќе го имаат  договорено редоследот по кој ќе се одвива забавата, односно во кој музички правец да се “движиме“ во утрешната вечер, велат организаторите.

Оние кои ќе бидат присутни утре во “Расчекор“ да не се сеќаваат само на времето на “Орфеј“ туку и на оваа вечер која ни претстои. “Расчекор“ќе биде отворен и за младата популација, истите ќе уживаат во прекрасните хитови од минатото време.

Настанот полека преминува во културна траддиција на градот и тоа ни е голема чест, додаваат организаторите.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »