Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: карцином на бели дробови

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за карцином на бели дробови, за што вели:

-Туморите на белите дробови се примарни и метастатски, од примарните кои се формираат од самиот белодробен паренхим  најчест е белодробниот карцином со 90%, додека во останатите 10% се карциноид, малигни меланом на брронхи, хистоцитом, хамартом итн. Точната етиологија не е позната до денес за настанување на белодробен карцином и малигна трансформација на белодробните клетки.

Од позначајните ризик фактори кои имаат улога во настанување на белодробниот карцином се пушењето цигари, аерозагаденоста на воздухот со SO2, јаглеродни соединенија, јонизирачкото зрачење, работа во индустрија на бои, лакови, рудници, гуми, металургија, генетска предиспонираност во фамилијата за постоење на белодробен карцином кај близок член на семејството.

Клинички карциномот на белите дробови се карактеризира со појава на хемоптизии, гушење и кашлица најчесто сува и надразнителна  долготрајна, загуба на телесна тежина за краток временски период. Како резултат на екстрапулмонална пропагација можи да има засегање на срцето со појава на перикардит – срцева тампонада и аритмии рефрактерни на стандардни антиаритмични лекови, засегање и компресија на хранопроводот и отежнување на актот на  голтање, засегање на плевра со диспнеја и пкеврални изливи поради директна неопластичма инвазија или инфилтрирање на лимфни јазли и нарушена лимфна дренажа.

Во дијагностицирање на карцином на белиот дроб има РТГ на бели дробови, најсензитивни се МРИ и КТ со бронхоскопијата како и тенкоиглена аспирација на тумори на бели дробови. Во поново време ехографијата на бели дробови покрај во дијагностицирање на бронхопнеумонии, пкеврални изливи, белодробен оток и ателектази има улога и во скрининг на  карциномот на бели дробови при што се  визуелизира како формација со хипоехогена  ехотекстура со нејасни граници периферна васкуларизираност на color dopller отсуство на хоризонтални А-линиии во засегнатиот белодробен регион и отсуство на хиперехогеност на белодробен паренхим на ниво на постоење на лезијата.

Лекувањето е хируршко во раните стадиуми на болеста или онколошки со зрачна и хемотерапија во зависност од стадиумот на прогресија на болеста.