Пред 10 години, во Битола, во престерт на големиот македонски празник Илинден, воениот оркестар на АРМ во рамките на проектот на Министерството за одбрана “Армијата до граѓаните“, одржа концерт во Битола, на плоштадот “Магнолија“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Пред концертот Воениот оркестар заедно со припадниците на баталјонот за почести продефилираа низ центарот на Битола, а гардистите на АРМ ја изведат точката “Егзирцир“ со која демонстрираа висока строева извежбаност во работа со пушка, вели Миновски.
Воениот оркестар во траење од околу еден час изведе репортоар од различни нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба, а кои се атрактивни за различни генерации слушатели.Во рамките на проектот за интензивирање на соработката со локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните со што ќе се зајакне и цивилно-воената соработка и во градовите каде АРМ нема гарнизони.
Концертот и строева извежбаност во работа со пушка ги “натераа“ битолчани да се почуствуваат каде дел од големите светски центри каде ваквите настани се вообичаени.
Битолчани и нивните гости посебно беа воодушевени од изведбата на точката “Егзирцир“ на почесната гарда, со која демонстрираа висока строева извежбаност во работа со пушка.

Деновиве пред 10 години: концерт на воениот оркестар на АРМ во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- На втората вечер на “Џез фактори фестивал“ во Битола настапија триото на пијанистот Jaume Miquel и саксофонистката и композиторка Swantje Lampert (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)