Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Широк Сокак тесен за спортските легенди од Битола

Велат дека спонтаните и случајни средби секогаш се најубави, а токму тоа се случи денес на пладне во Битола. Во кафулето “Пајтон“ се случи неочекувана средба на неколку спорстки легенди кои играле во различни клубови, во различни спортови, но сите во “еден“ клуб Пелистер.

Драган Маринковиќ – ракометар на Пелистер сега живее и работи во Мелбурн, Австралија, Томе Петревски  – ракометар и тренер на Пелистер живее и работи во Франција, Пеце Смилевски – Перусо – гимнастичар и тренер во ДТВ Патризан – живее и работи во Мелбурн, Австралија, Слободан Николиќ, ракометар на Пелистер – живее и работив во Никшиќ, Црна Гора и Златко Спасевски  – Паун, кошаркар на Пелистер – живее и работи во Сиднеј, Австралија.

А, случајното кафе на Широк Сокак, е причината за фотографија, која не можевме, а да не снимиме, која сигурно ќе биде дел од спортски книги и написи во иднина. А, како не би била кога на едно место пет има пет спортски легенди кои од различни делови на светот се сретнаа во Битола по триесетина години.

Кратка средба, бидејќи обврските на сите не и  дозволија да останат повеќе, но како рекоа средба со многу носталгија, многу емоции, кои иако на терените беа секогаш со ладни глави, овој пат не можеа да ги скријат.

Текст и фото: Сашо Ристевски

 

More from ВестиMore posts in Вести »