Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Гоце Гроздановски – Моцарто

Денес во Битола, на 84 годишна возраст почина големиот спортски ракометен работник, Гоце Гроздановски, кој битолчани го познаваа како Моцарто, кој цел свој живот го посветил на ракометот, спорт со долга традиција во Битола, човекот заслужен за формирањето на РК Пелистер Битола уште во 1954 година.

Гроздановски беше ракометар, бил тренер на женска ракометна екипа неколку години, сојузен судија, контролор, делегат. Спортски работник  во СОФКА Битола 40 години, а  работел во управата на Пелистер работеше до пред 5 години, а сигурно е со најдолд стаж во Пелистер.

Моцарто е роден во Битола, кај “Чифте Фурни“, основно училиште до четвртто одделение завршив во “Св. Кирил и Методиј“, а осмолетката во “Даме Груев“. Средното образование во битолското економско училиште, а запишал и правен факултет. Во 1964 гоина се вработува во  фабриката за фрижидери во Битола, а после 3 години работа, во Сојуз на спортови СОФКА и во ракометот, каде останува цели 40 години.

-Во 1954  бев иницијатор, му предложив на Јонче Андоновски – Штркот, тогашен сојузен секреатар за вработување во Битола, Коле Каранфиловски, Ицо Манџуро  да се формира втор клуб, и така се формира РК Пелистер. Јонче Андоновски беше прв претседател на управа, ќе рече Моцарто во интервјуто за Bitolanews, пред една година.

Погребот на Гроздановски е закажан за утре. Телото ќе биде изложено во 11 часот во капела во црквата “Св. Недела“ во 11 часот, а опелото во 13 часот во црквата “Св. Недела“.

Некогаш и денес, Гоце Гроздановски – Моцарто, иницијатор за формирање на РК Пелистер од Битола: се сеќавам поразот од Лемго многу тешко го поднесовме

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »