Press "Enter" to skip to content

Вечер премиера на претставата “Море на тишината“ во Народен театар Битола

Ансамблот на НУ Народен театар Битола на големата сцена “Благоја Стефановски-Баге“,  вечер премиерно ќе ја изведе театарската претстава “Море на тишината“ во режија на Оља Лозица од Хрватска.

“Море на тишината“ е приказна која, како што велат од битолскиот театар, ја има несреќата да биде едноставно вистинита, а за претставата додаваат:

-Тоа е приказна која е пренесувана со години, децении, векови од уста на уста, од колено на колено и од сукња на сукња. Но, за да биде вистинита, на начинот кој што главната хероина сонува оваа приказна мора да биде прераскажана на хрватски, српски, македонски, албански, романски, бугарски, турски, грчки… всушност, на мешавина од сите овие и други јазици заедно. Тогаш, според логиката на судбоносното патување на крајот од оваа претстава, на сите присутни слушатели, поточно гледачи наеднаш во главите ќе им светнат фактите од кои започна се.

Улогите ќе ги ииграат актерките Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Катерина Аневска Дранговска, Марија Стефановска и Сандра Грибовска Илиевска, и актерите Петар Спировски, Александар Димитровски, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Никола Стефанов и Мартин Митровски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »