Press "Enter" to skip to content

Битолчани запалија свеќа и се помолија во трите верски објекти посветени на Света Петка во Битола (фотогалерија)

-Утре е празникот Св. Петка, а во Битола се наоѓаат три верски објекти посветени на оваа светица, црква изградена во модерен стил, нова мала црква со преубав двор, параклис, кои вечерва беа посетени од верниците, запалија свеќа и се помолија за здравје.

Битолчани вечерва, како и впрочем за сите поголеми верски празници во Битола, ги посетија верските објекти, изградени во чест на Св. Петка, запалија свеќа и се помолија за здравје, да бидеме сите здрави и живи, како ни рекоа верниците “сите на број“.Најповеќе битолчани имаше во најновата и најмодерната црква “Св. Петка“ во Битола, која е изградена во нашиот град се наоѓа во населбата, која битолчани сега ја знаат како “кај скопската пивара“. Таа е изградена во осумдесеттите години на минатиот век, а според многумина во тоа време беше најмодерната црква и предизвика големо внимание кај архитектите, црковните лица и верниците. Црквата “Св. Петка“ на улицата “Кочо Палигора“ во Битола, не е во центарот на вниманието и не е доста афирмира, пред се, поради местото каде се наоѓа, меѓу две улици со густо изградени куќу во стара битолска населба, но вечерва ги имаше во голем број.

Непреченото движење на верниците беше обезбедени низ уличните, така што немаше движење на автомобили, а редот го одржуваше и сообраќајната полициција.-Времето малку залади, не е како што беше во жештинте и е идеално за вечерна прошетка низ Битола, а кога на тоа ќе се додаде дека сме во престер на голем празник, а имаме и црква изградена во чест на Светицата, Св. Петка, немавме дилеми да дојдеме, да запалиме свеќа, да ја помилуваме иконата и да се помолиме за здравје на сите нас, ни рече тетка Стојне, која со сопругот беше во дворот на црквата и стрпливо чекаше во редот да влезе во храмот.Покрај оваа црква кај кружниот тек над реката Драгор, кај Црн Мост во Битола, можеби десетина години фукционира мал параклис посветен на Св. Петка. Параклисот беше на потпорниот ѕид од камен, пред да се изгради големиот кружен тек, каде сега се наоѓа убаво уреден простор.Пред десетина години овде немаше никаква ознака, а жителите од овој дел го откопаа затрупаниот параклис, кој сега е убаво уреден простор во секој поглед, кој од ден на ден има поубав изглед.Просторот го одржуваат жителите од овој дел, а може да ги пофалиме бидејќи секогаш е уреден и чист, а битолчани имаат убави место за одмор и дружење.На стотина метри од параклисот кај Црн Мост во Битола, се наоѓа ново изградената мала црква посветена на Св. Петка, која е преубава со уреден двор и го привлејува вниманието на сите кои поминуваат таму.Пред неколку години беше изградена мала црквичка, која е направена според каноните на МПЦ. Има олтар со ликот на Св. Петка, а има и насликани фрески по ѕидовите. Домаќинот Диме и останатите кои се груѓат за оваа црква и малиот параклис вечерва пречекаа голем број битолчани, а како ни рекоа утрешната богослужба е закажана за 9,30 часот.Вечерва направивме обиколка и ги посетивме сите три верски објекти во сите имаше верници и ќе бидат и утре на богослужбара во“Св. Петка“ утре наутро.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »