Press "Enter" to skip to content

ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола со највисока оценка од просветната инспекција

Општинското основно училиште “Св. Климент Охридски“ 0д Битола успешно ја помина интегрална просветна инспекција и дови висока оценка.

Директорот на училиштетот, Предраг Созовски, за успешно помината просветна инспекција ни изјави:

-Нашето училиште “Св. Климент Охридски“ од Битола од страна на интегрална просветна инспекција доби оценка 4 (четири). Тоа е највисока оценка и за прв пат ја добива училиште од Битола. Оценката е заслуга на сите структури кои биле дел од училиштето од неговото постоење до денес. Секако посебна благодарност до оние кои се вклучени во наставниот процес во моментот, наставниците, службата, нашите уценици, родители. Само неколку училишта во нашата држава го имаат постигнато ова ниво, а тоа се случува за прв пат во општина Битола. Горди сме, но ова секако претставува уште голема одговорност да го одрзиме ова високо ниво и во иднина. Благодарност до локалната самоуправа за успешната соработка која ние е поддршка да продолжиме во успешната реализацијата на воспитно-образовната работа и понатаму.

More from ВестиMore posts in Вести »