Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка), параклис и мала црква кај Црн Мост масовно беа посетени.Кај кружниот тек над реката Драгор, кај Црн Мост, повеќе од десетина години фукционира мал парклис посветен на Св. Петка. Параклисот беше на потпорниот ѕид од камен, пред да се изгради големиот кружен тек, каде сега се наоѓа убаво уреден простор.
Вчера вечер и утрово овој мал простор на тротоарот на кружниот тек, го посетија голем број битолчани кои запалија свеќа и се помолија за здравје.
Утрово околу стотина битолчани, пред се од околината на Црн мост, заеднички, организирано со присуство на свештено лице со почеток во 9 часот го започнаа одбележувањето на Св. Петка. А, на голема трпезариска маса, вредните кумови, домаќинки и димаќини се погрижија да има храна во озобилие и да бидат почастени сите гости.
Повеќе од педесетина верници заеднички го направија адетот, “кревање на лепче“ за здравје, “вртејќи“ ја погачата меѓу себе, меѓу комшиите, онака како им рече свештеникот, како чин на поголемо заедништво меѓу нив.
Исто посетеност беше и во дворот на црквата која го носи името Св. Петка, која се наоѓа стотина метри погоре. Претходно на ова место имаше само мал параклис, потоа се изгради мала црквичка во која имаше фрески и иконо и од пред некоја година изградена е мала црква, која има и убав двор кој е ограден.
И во оваа мала црква во 10 часот се одржа богослужба, а голем број верници го направија вековниот адет, “кренаа лепче“ за здравје и се помолија.
Инаку, Светата Православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, (во стариот завет саботата била празник, а не неделата) бил ден за подготовки пред празникот. Во петокот евреите се подготвувале за саботата. Параскева значи подготовка.
Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите го раздала целиот свој имот на сиромашните и се замонашила. Со голема ревност целиот живот го посветила на христовото учење. Поради тоа и пострадала, и била отсечена главата. Целиот настан се случил во вториот век.

Утрово, масовно посетена црквата и параклисот кај Црн мост во Битола, за денот на Света Петка – Летна на кој ден чуда се случуваат (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Да го изградиме мирот во дигиталниот свет“ во чест на Татјана Петрова во организација на Ротари клуб Битола Широк Сокак (фото)
- Билтен на МВР: со камион на “Дулие“ повредена 72 годишна жена пешак, повреден мороциклист во Кравари и приведување
- Бројни активности на УКЛО Битола за Европската недела на мобилност (фотогалерија)
- Фестивалот “Браќа Манаки“ започнува в сабота во Битола со 400 гости од кои 160 се странски и 79 извонредни филмови (фото)
- СВР Битола претрес во Битола, пронајдено половина килограм марихуана