Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана, уапсен битолчанец за издржување затвор, сообраќајка кај Кравари

На 10.08.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во близина на село Раштани лишиле од слобода три лица на возраст од 34, 36 и 38 години сите од Битола. Имено , при извршен преглед кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (11.08.2023) на ул. “Партизанска“ во Битола, од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола, приведен е 36 годишник од Битола. За него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување казна затвор во траење од две години и пет месеци. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола.

На 10.08.2023 во 12.40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крак А-3, Битола-државна граница со Р. Грција, во село Кравари, патничко возило „пежо 205“ со француски национални ознаки, управувано од 22 лице од Р. Франција, излегло од коловозот и удрило во столб. Во несреќата, сопатничката на возраст од 25 година се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и сопатничката сите од Р.Франција, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот изврши увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »