Press "Enter" to skip to content

Габриела Илиевска, претседателка на Советот на Општина Битола: жалбата се уважува, решението на инспекторот се поништува

По добивањето на решението од Државната комисиа за одлучуване во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, денес во просториите на Советот на Општина Битола одржа прес конференција на која рече:

-Пред фактите и боговите молчат! Инспекцискиот надзор не треба да се темели на пријателства и пазарења, тој треба да се темели исклучиво на закон и факти! Сепак не сме ЗГРЕШИЛЕ! Градоначалникот да му се извини на сите советници и битолчани за сите лажни вести пласирани во врска со Советот на градот! На 10-ти август во Општина Битола пристигна РЕШЕНИЕ со кое Жалбата на Габриела Илиевска од Битола, во својство на Претседател на Совет на Општина Битола изјавена против решението бр.08-528 од 18.05.2023 година Државниот инспектор за локална самоуправа при Државниот инспекторат за лока самоуправа, СЕ УВАЖУВА. Решението бр.08-528 од 18.05.2023 година на Државниот инспектор за локална самоуправа при Државниот инспекторат за локална самоуправа, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се врака на повторна постапка пред простепениот орган. Битката за Битола продолжува, уште посилно и бескомпромисно.

More from ВестиMore posts in Вести »