Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец, ќе одговара за две тешки кражби

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното Јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 24 годишно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „тешка кражба“, предвидени и казниви по чл.236 ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик.

Имено, тој на 13.08.2023 со употреба на сила влегол во куќа на ул. “Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка.

Лицето истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото.

Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

More from ВестиMore posts in Вести »