Press "Enter" to skip to content

Тома Фила во Битола на средба со стипендистите на фондацијата “Тома Фила“ (фото)

Денес Битола ја посети истакнатиот адвокат Тома Фила, од Белград -Србија, роден во  Битола, кој дел од летото поминува во Охрид, заедно со неговите пријатели исто така битолчани академик Владо Камбовски и проф. д-р Игор Камбовски.Посетата на својот роден град ја искористи за кафе  средба со стипендистите на фондацијата “Тома Фила“ која функционира во рамки на Универзитетот “Св.Климент Охридски“ од  Битола, а се доделува на најдобриот студент на правните студии, со можност стипедистот да практикува во адвокатска канцеларија по свој избор заради стекнување на стаж за полагање на правосуден испит.Покрај студентите присутни беа и нивните професори Ангелина Станојовска, Ице Илијевски и Мирјана Ристовска.Оваа единствена фондација во нашата држава досега има стипендирано шест студенти и тоа: Стефанија Мијаковска, Мерита Шахин, Ивана Кочовска, Христина Тоневска, Сара Стрезовска и​ Ангела Јовчевска.Домаќин на средбата беше адвокатот Никола Главинче. На овој начин Фила и Главинче го продожуваат повеќе децениското наследено пријателство на нивните претходници – еминентните адвокати и истакнати борци за човекови права Филота Фила и Сотир Главинче.

Текст и фото:  С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »