Press "Enter" to skip to content

За само една недела, полициски службеници од СВР Битола пронајдоа и одзедоа дрога и лишија од слобода 12 лица

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Битола насочени против недозволената трговија со дрога, само во последната недела извршија неколку претреси во дом и други простории, прегледи на лица, легитимирања, при што лишија од слобода 12 лица и пронајдоа и одзедоа различни видови на дрога како марихуана, хероин, амфетамин, дигитални ваги и други предмети.

Имено, на 17.08.2023 во 20.40 часот на ул. „Никола Георгиевски Никлец“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишија од слобода шест лица сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едно лице била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.08.2023 на крстосница пред с.Кутретино, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Димир Хисар лишија од слобода 22 годишно лице од с.Белче, демирхисарско, затоа што при преглед кај него, во возилото во кое бил и во близина на возилото била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.08.2023, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, лишен е од слобода 45 годишник од Битола. Тој се барал со наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци. Лицето е приведено и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.

На 16.08.2023,полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп  лишија од слобода 47 годишник од Прилеп. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викенд куќа лоцирана во с. Старо Лагово, прилепско е пронајдена и одземена е кафеава прашкаста материја и дигитални ваги.

На 16.08.2023 на ул. “Питу Гули“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од 41 годишно лице од Битола одзедоа пакување со прашкаста материја.

На13.08.2023 во угостителски објект на „Градско шеталиште“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција лишија од слобода 33 годишник од прилепско затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 10.08.2023 на патот за село Раштани, битолско, криминалистичката полиција при СВР Битола од 34 годишно лице од Битола одзеле марихуана.

Сите лица се приведени во полициските станици и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »