Во организација на Здружение за македонско руско пријателство “Александар Аркадијевич Ростковски“ се одржуваат јубилејните 10-ти по ред “Денови на Ростковски“, по повод 120-годишнина од смртта на рускиот императорски конзул Александар Аркадиевич Ростковски (1860-1903).Манифестацијата започна со полагање на цвеќе на споменикот “Руски крст“ во градскиот парк во Битола, каде што на присутните се обратија Пеце Гаштаров, професор Александар Стерјовски и Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација г-дин Сергеј Баздникин.
Aктивностите продолжија во Буковскиот манастир, кој што бил летна резиденција на Конзулот Ростковски, каде проф. Драги Анастасовски одржа пригоден говор пред плочата посветена на конзулот Ростковски, а потоа се одржа панихида во чест на конзулот Ростковски. Делегацијата на амбасадата на Руската Федерација ја посети и просторијата посветена на конзулот Ростковски која се наоѓа во склоп на манастирот.

Одржувани јубилејните 10. по ред “Денови на Ростковски“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Цветан Кузманоски: Кил има ракометари од светски рамки, верувам дека ќе дадеме максимум
- Во Битола сончево со значителна облачност
- Завршен настан на проектот “Локален волонтерски сервис Битола“
- Питер Бижу, оскаровец и добитник на “Камера 300“: по снимањето на „Мисисипи гори“, ми беа потребни неколку недели за емотивно да закрепнам
- Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)