Press "Enter" to skip to content

Билјард играчите од Битола Христо Василевски и Илија Димовски најдобри во “А“ и “Б“ дивизијата во дисциплината “8-ка“ (фото)

-Се случи и тоа што требаше да се случи, тоа што со нетрпение го очекувавме, а тоа е двата пехари од Мастерсите во “А“ и “Б“ дивизијата да завршат во Битола. Се играше петтиот од вкупно 7 мастерси и се играше дисциплина “8-ка“, играта е малку подзаборавена, но многу добра игра која изобилува со многу тактика, каде што шансите на помалку квалитетниот играч се прилично намалени, вели тренерот на билијард играчите од Битола, Горан Думевски – Панчо.“А“ дивизијата се играше исто така во Скопје во во новоотворениот клуб “Revolution“ во Сарај, прекрасен клуб со 6 маси и перфектни услови за игра. Во “А лигата“ се натпреваруваа 14 од вкупно 16 постојани играчи за оваа година. Битола се претставиви со 6 од вкупно 7-те кои ги имаме.-Освојувач на турнирот беше Христо Василевски кој по лошиот старт го издоминира турнирот. Со овој триумф формалност е неговото освојување на овогодишниот Шампионат бидејќи веќе има недостижна предност. Противник во финалето му беше Андреј Ѓурчиновски, 13 годишно момче од Скопје, кое што со својата игра која се должи на многу тренирање си го зазема своето место кое со сигурност ќе трае со години, вели Думевски.ж

Игор Радичоски оствари две победи ја поправа својата позиција на табелата. Илче Трајковски почна одлично и оствари две убедливи победи притоа покажувајќи можеби најдобра игра за око. Проблемот на неиграњето повторно дојде до израз и за кратко време му падна концентрацијата. Петтото место и не е така лошо но реалниот квалитет и разбирањето на играта кое го има е за да стално биде во завршницата. Лош настап имаа Србиновски и Гулевски и помеѓу нив ќе се бара 4. кој што испаѓа во “Б“ дивизијата. Особено потфрли освојувачот на минатиот мастерс Златко Ицаноски – Пепел и брзо го заврши својот настап прикажувајќи очајна игра.

“Б“ лигата стандардно се игра во “Гран клуб“ во Скопје, а од 39 играчи, 8 беа од Битола.Најдобар на турнирот беше Илија Димовски кој со својата технички дотерана игра успеа да ги победи сите противници и да се закити со престижниот пехар. Тренирањето два пати на ден, менувањето на начинот на живот и исхрана даде резултат. Илија Димовски има 15 години и со својот ментор и тренер тренираат една година. Со овој триумф Димовски е на место кое што води во највисокиот ранг на натпреварување во Државата.Нури Адемоски ќе почека на првата победа, а свое деби имаше Христијан Пешевски – Пешак на кое оствари и две победи. Иако ги следи советите од тренерот овојпат поради возбуда не му одеше тоа најдобро но Пешевски, има квалитет и сигурно ќе биде подобар. Горан Василевски имаше лош турнир, а Никола Стојановски со повремени блесоци не е на нивото од претходните турнири. Тони Петровски конечно започна да игра континуирано добро и со петтото место остана во борба за “А“ дивизијата. Никола Гроздановски – Канчо беше многу пријатно изненадување и со својата стрплива и смирена игра си го освои својот прв и се надеваме не последен медал, а на патот кон успехот успеа да победе играчи со врвен квалитет.-Тимскиот дух во битолскиот тим постоел и ќе постои и секој кој не се вклопил едноставно системот ќе го отфрли. На овој турнир не дружеше нашиот Владимир Илиевски, меѓународниот билјард судија и само да не поддржи и повторно да го почувствува тоа заедништво беше дел од нашиот тим, додава Думевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »