Press "Enter" to skip to content

4. по ред протест на пензионерите на “Магнолија“ (фото)

Вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола беше одржан 4. по ред протест на битолските пензионери кој го организира Иницијативниот одбор, а на присутните прво им се обрати претседателот, Дано Чолаковски, а потоа зборуваа и три пензинерки.На протестот се зборуваше за зголемувањето на пензиите, а беа повторени барањата најниска мининална  пензија да биде над 18.000 денари и да има линеарно зголемување на пензиите. На протестот беше искажано незадоволство од министерката за труд и социјала и не беа прифатени нејзните предлози.По протестот се одржа мирен протестен марш од “Магнолија“ до Офицерски дом со кој пензионерите го искажаа незадоволството, а новиот протест пензионерите го закажаа за идниот вторник.

More from ВестиMore posts in Вести »