Press "Enter" to skip to content

Во РЕК “Битола“ одбележан денот на рударите, рудатите прават херојска работа која заслужува неизмерна почит и највисока пофалба (фото)

Во РЕК “Битола“ беше одбележан Денот на рударите на кој присуствуваше генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, дитекторот на РЕК “Битола“ Пеце Матевски, директори на Рудници и Термоелектрани, вработени во РЕК “Битола“.Генералниот директор и претседател на УО на на АД ЕСМ, Васко Стефанов, честитајќи им го денот на рударите рече:-Почитувани рудари, вие со вашата посветеност и максимални напори сте првите во синџирот на производство на електричната енергија и со гордост претставувате еден од основните столбови на нашата компанија и неразделен дел од нашиот национален енергетски систем. Тоа што го правите вие е херојска работа која заслужува неизмерна почит и највисока пофалба. Затоа во мое име и во името на сите вработени во АД ЕСМ, ви благодарам од срце за вашата работа и посветеност, порача генералниот директор на денешното одбележување на Денот на рударите во РЕК Битола.На одбележувањето на Денот на рударите се обрати и генералниот директорот на РЕК “Битола“, Пеце Матевски, кој рече:-Секој што знае што значи еден ден работа во рударско – енергетски комбинат, мора да признае дека вработените се вистински херои. Рударите влегуваат на работа и не знаат дали ќе излезат. Не по своја вина, туку заради хировите на природата кои се особено изразени во рудниците, рече директорот на РЕК Битола, кој за постигнатите резултати додаде:-Од 1 јануари до 31 јули, РЕК Битола произведе 1.436.553 MWh електрична енергија. Тоа е за 3,16% повеќе од произведеното во истиот период лани, а за дури 41,28% повеќе од производството во 2021 година. Во рудниците на РЕК Битола заклучно со средината на август ископани се 2.262.600 тони јаглен.Во моментов, на депонијата за јаглен има 200.000 тони јаглен. Овие количини на јаглен на залиха во РЕК “Битола“ се уште повеќе за респект ако се има предвид дека во рудници се извршуваа операции кои го запреа ископот. Затоа, вработените во РЕК “Битола“ треба да бидат горди на резултатите од работењето на комбинатот годинава, заврши Матевски.Денот на рударите им ги честита и директорот на Рудници во РЕК “Битола“, Димитар Петковски, кој нагласи дека рударите се херои, работат во секакви временски услови, а се надеваат дека и покрај сите тешкотии во кои работат рударите, се надева дека ќе има нови вработување и подмладување на сите работни места во Рудникот.По повод денот на рударите традиционално беа наградени вработени во РЕК “Битола“, а беа доделени и посебни признанија на вработени кои меѓу двете празнувања на овој празник се пензионирале во РЕК “Битола“ и “Осломеј“.

More from ВестиMore posts in Вести »