Press "Enter" to skip to content

Се е подготвено за “Ех, таа серенада“, се бара столче повеќе во Битола, за изведувачите и маџун-одајче наместо “бекстејџ“ (фото)

Организаторот на Фестивалот на староградска музика “Ех, таа серенада“, КИЦ Битола денес, на еден ден пред фестивалската вечер одржа прес-конференција на која на новинарите им беше пренесено како се одвиваат последните подготовки. Директорот на ЈОУ Културен и информативен центар Битола, Лили Бошевска, на прес конференцијата се заблагодари за поддршка на медиумите и ја презентира целосната идеја и концепција на фестивалот се рече: -Преку овој фестивал сакавме да го вратиме градот, на момент, во она време кога се пееле серенадите, прес се заради тоа што сите ние битолчани сме емотивно врзани со таа староградска музика. Веднаш да кажам дека наидовме на добат одзив кај граѓаните кои покажаа интересот кој ги надмина нашите очекувања. Се бара место повеќе се утрешната вечер, а поради големиот интерес на битолчани и останатите ќе поставиме дополнителни столчиња на планинарите 600. Што се однесува пак до организацијата, која одлично ја сработи фестивалот, ќе кажам дека околу 200 лица се дел од фестивалот, а тука се вбројуваат учесници, изведувачи, автори, оркестар, хор, техничка поддршка, новинари, фоторепортери  и целосната организација. Влезници нема, за два часа се поделија сите, што и за нас пред некое време беше незамисливо.

-Ќе кажам и дека во стилот на серенадата, “бекстејџот“ кај нас има ново име е тоа маџун одајче, каде изведувачите ќе бидат во текот на утрешниот ден, а секако на располагање на новинарите, рече Бошевска.

Миодраг Неќак, уметнички соработник и етаблиран музички продуцент го објасни процесот на објавување на конкурс, селектирање на конечните 16 мелодии, големиот интерес од автори и изведувачи, што претставува идна основа за следното фестивалско издание како и детали за продукцијата и пост продукцијата на песните од фестивалот.-Започнавме со тримесечниот конкурс, пристигнаа 74 авторски песни, примивме 16, а можевме и 40 песни. Тоа беше акумулација на самите автори кои долго време не можеа да ги пласираат своите нумери на ваков вид фестивал, имаше акумулирана енергија и премногу квалитетни нумери. Дел од нив ги планирам и ги рачунам за в година, како една банка со песни за наредното издание на фестивалот. Инаку изборот на песните беше комплетно транспарентен, сите нумери беа пратени под шифра. Седумчленото жири, составено до тројца надворешни членови Благојче Трајковски, Марина Коруновска и Александра Ритовска и четворица од тимот на КИЦ Битола, јас, Благојче Божиновски, Тодор Ивановски и Стефче Стефановски. Фестивалската вечер ќе ја снима Македонската телевизија, а по монтирањето ќе биде емитувана. 

Соработникот Тодор Ивановски во својство на лице одговорно за организација и туристичка промоција , ја нагласи синтезата на културата и културното наследство во кое секако припаѓа староградската песна и Офицерскиот дом како интегрален дел од туристичката промоција на Битола.-Алудирам на тоа дека културата и културно-историското наследство се атрактивни туристички атрибути кои Битола ги има на високо ниво како долга традиција и кои може да бидат туристичка атракција. Самиот објект е атракција и монументалност, но важна е и живата културна традиција, како староградската музика и серенадите, митовите и легендите, како дел од колективната меморија. Имаме голем број домашни и странски туристи кои се воодушевни и се фотографиираат. Се ова треба да биде подигнато на ниво на туристичка атракција, рече Тодор Ивановски.

Нечак го соопшти и планот за пробите,  денеска ќе има тонска проба со изведувачите и техничките подготовки, а утре е генералната проба и Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »