Press "Enter" to skip to content

Вработените во АД ЕСМ ќе добијат 15% повисоки плати, во РЕК “Битола“ потшишан договор за измена на Колективниот договор (фото)

Денес во РЕК “Битола“ на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и претседателот на синдикалната организација Јове Смилевски потпишаа Спогодба за измена на Колективниот договор.Оваа измена на Колективниот договор беше неминовна, а со примена на измената платите на вработените им се зголемуваат за 15 отсто, почнувајќи од септемвриската плата.Инаку, како што информираа двајцата потписници Спогодбата е потпишана по неколку месечни интензивни преговори помеѓу Управниот одбор на АД ЕСМ и Синдикатот на АД ЕСМ.Преговорите траеле неколку месеци и деновиве барањата беа усогласени со финансиските можности на компанијата, рече финанскиот директор на ЕСМ.