Најчесто дисбаланс во организмот се случува во зимски временски услови каде што е намалена физичката активност и обично во тој период внесуваме лоша и неадекватна храна за нашето тело.
Поради тоа нашиот организам не работи артикулирано и тој самиот не може да ја обработи храната и доаѓа до наталожување на отровите во организам.
Во зимни услови телото има потреба за внесување на поголемо количество на масти и поради самото тоа потешко ги исфрламе токсините од телото со што ја нарушуваме самата клиничка состојба.
Она што е потребно да направиме во зимски услови е да правиме редовна детоксикација, а тоа се постигнува на два начина: со конзумација на одредени чаеви, џусеви или преку храна.
Препорачливо за регулација на триглицериди и холестерол во форма на чаеви е индискиот чај, зелен чај, свеж планински чај, а што се однесува до храната се пропорачува да се внесуваат во свежа форма (салати, варен зеленчук, варен кромид и варена брокула.)
Напомена: за сите што долготрајно имаат проблем со холестерол и триглицериди на подолг временски период треба да конзумираат од горенаведените продукти.